Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, денеска е уапсен по наредба на СПАК.
Специјалното обвинителство водеше истраги против Велиај по неколку обвиненија, како злоупотреба на службената положба, активна корупција, пасивна корупција, непријавување имот и перење пари.
Исто така, претставници на Националното биро за истраги извршија неколку претреси во деловните простории на сопругата на Велиај, Ајола Џоџа и неговиот брат Арби Велиај.
