Помошникот на тренерот на Далас Маверикс, Дарел Армстронг, беше уапсен во саботата на 15 февруари и обвинет за насилство со огнено оружје.
Армстронг наводно ја удрил жената со пиштол и и се заканил дека ќе пука во неа за време на расправија , се вели во соопштението на полицијата во Далас. Не е јасно како и дали Армстронг ја познавал жената, а нејзината состојба е непозната. Армстронг беше уапсен рано на 15-ти февруари и потоа плати кауција.
Неговиот тим Далас, веднаш го суспендирал и тој нема да биде дел од екипата извесно време.
Армстронг кој има 56 години, има играно во кариерата за Орландо, Њу Орлеанс, Далас, Индијана Пејсерс и Њу Џерси.
По пензионирањето во 2008 година, го ангажираа Далас Маверикс за развој на играчи. Од тогаш остана во тимот, а моментално работи како помошен тренер.
