Уапсени 11 лица во Турција поради поддршка на бојкотот на купувањето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Турската полиција денеска уапси 11 лица за поддршка на еднодневниот бојкот на купувањето претходниот ден, како дел од протестот против затворањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, главниот ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган на претстојните избори, јавија турските државни медиуми.

Обвинителството во Истанбул издаде налози за апсење на 16 осомничени во истрагата за „омраза и дискриминација“ и „поттикнување омраза и непријателство“ во јавноста, јави Анадолија, пренесе АП.

Меѓу уапсените е и актерот Џем Џигит Узумоглу, кој го глумеше Султанот Мехмед Освојувачот во документарната серија на Нетфликс „Подемот на една империја: Отоманската империја“, соопшти Синдикатот на актерите.