Уапсени 22 лица во Франција поради напади во затворите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дваесет и две лица утринава се уапсени ширум Франција за напади врз затворски службеници и затвори како дел од широката истрага за нападите во затвори, соопшти француското обвинителство за борба против тероризмот.

Обвинителството наведува дека трага по други осомничени за напади врз затвори, а во истрагата се вклучени речиси 200 истражители ширум Франција.

Францускиот министер за правда Жерар Дарманен ги поздрави апсењата, велејќи дека францускиот закон и државата „остануваат силни во немилосрдната борба против трговијата со дрога“.