Двајца луѓе дека под сомнение дека го подметнале вчерашниот пожар кај Јужен Булевар се уапсени од страна на полицијата, пренесува СДК.МК.
Од министерството за внатрешни работи за СДК соопштија дека се уапсени еден 34-годишник и еден 39-годишник од Скопје, поради поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Предизвикување општа опасност, во напуштен објект на булевар Македонија, при што еден пожарникар добил повреди, а две противпожарни возила биле оштетени. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.
