Уапсени две лица поврзани со „Јавна соба“ – над 6500 членови, објавени над 10 илјади експлицитни фотографии

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повеќе од 6 500  членови се дел од групата „Јавна соба“ на „Телеграм“ во која се споделени  околу 10 000 експлицитни фотографии и видеа на девојки, жртви на интернетот, чии податоци се  злоупотребени. На мрежата „Телеграм”  членовите споделуваат порнографски фотографии и видеа, имиња, адреси, телефонски броеви и профили од девојки од Македонија.

Една од нив е 28-годишната Ана од Кавадарци, која пријавила во сајбер криминал во МВР, но оттаму добила одговор дека МВР ги штити малолетните, но не и полнолетните во вакви ситуации.

„Здраво, јас сум Ана една од девојките чија што фотографија беше симната од Интаграм, меѓутоа над сликата имаше оставено информации, мои лични податоци, од кои и мојот телефонски број“, истакнува Ана.

Од МВР велат дека во координација со Обвинителството превземаат мерки за расчистување на случајот.  Веќе се приведени две лица, а се работи на обезбедување и на останатите вклучени во случајот.

„Во текот ма денешниот ден имаме приведено две лица. Едното е од Велес и едно од Битола. Но, работиме на обезбедување и на други лица кои се инволвирани во овој случај, така што како ќе бидат приведувани така ќе ја информираме јавноста“, истакна Тони Ангеловски.

Од МВР апелираат до граѓаните секоја информација во интерес на случајот да ја споделат со нив. Највауваат комплетно расчистување на случајот во наредниот период. Упатилче барање и до платформата Телеграф, но од таму не наишле на соработка како и во пртходните искуства. Сметаат дека доколку имаат помош од таму, многу побрзо ќе се расчисти случајот.