Уапсено уште едно лице поради рушењето на настрешницата во Нови Сад

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека 13-от осомничен е уапсен за уривањето на настрешницата на железничката станица.

Како што соопштија, уапсен е и 13-от осомничен со иницијали Ј.С.М., кој на денот на акцијата за апсење на останатите осомничени бил недостапен за надлежните.

Лицето се товари за непрописно и неправилно изведување на градежни работи.