УБАВА ВЕСТ: 1242 оздравени пациенти од коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3012 тестирања, а регистрирани се 1069 нови случаи на ковид-19, додека пак бројот на оздравени пациенти е нешто поголем, односно 1242 пациенти.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1242 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 326
  • Куманово – 111
  • Штип – 36
  • Прилеп – 69
  • Тетово – 67
  • Струга – 50
  • Велес – 51
  • Битола – 78
  • Охрид – 55
  • Кавадарци – 27
  • Гостивар – 98
  • Гевгелија – 15
  • Струмица – 65
  • Радовиш – 4
  • Крушево – 3
  • Кочани – 33
  • Пробиштип – 5
  • Демир Хисар – 13
  • Македонски Брод – 3
  • Пехчево – 2
  • Берово – 3
  • Валандово – 7
  • Виница – 14
  • Кратово-3
  • Свети Николе – 10
  • Кичево – 68
  • Ресен – 12
  • Неготино – 14

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 62945, бројката на оздравени пациенти е 40188, на починати е 1792, а бројот на активни случаи изнесува 20965.

Досега во земјата се направени вкупно 335.298 тестирања на Ковид -19.