Убиена ретка птица во Бугарија – на сторителот му се заканува казна затвор од 5 години

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Редок примерок на египетски мршојадец е пронајден застрелан во близина на Џебел, Бугарија.

Се работи за птица која е особено вредна бидејќи е првата изведена во европска зоолошка градина.

Исто така, птицата е строго заштитен вид, глобално загрозен во целиот свет, а казната за такво дело според бугарската легислатива е прилично тешка. 

Волен Аркумарев, орнитолог во Бугарското друштво за заштита на птиците вели дека на сторителт му се заканува казна затвор до 5 години и глоба од 20 илјади лева доколку се најде и докаже.

„Ова е многу тешко злосторство против природата. Има специфичен пердув. Може да се помеша само со штрк, така што нема шанси тој што пукал да не знаел дека прави кривично дело од самиот почеток“, додава Волен Аркумарев.

Мршојадецот со име „Бојана“ е првиот египетски мршојадец, изведен во европска зоолошка градина, ослободен и формиран пар во дивата природа на Бугарија.

Примен е сигнал од ГПС предавателот кој ја означува птицата, а малку подоцна екипа со специјално тренирано куче ја пронашла птицата.

Доколку ловокрадецот биде фатен, му се заканува казна затвор до 5 години и парична казна.