Убиство во Приштина како на филм – убиен во автомобил, оружјето завршило во канта!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска околу 12:00 часот на улицата „Башким Фехмиу“ во Приштина е убиено едно лице со огнено оружје.

Портпаролот на косовската полиција за регионот на Приштина, Агрон Боровци, изјави дека лицето е убиено со огнено оружје во неговиот автомобил, од друго лице кое било во автомобилот и седело на задното седиште.

Според Боровци, осомничениот е странски државјанин, додека мотивите за ова убиство сè уште не се познати.

Во меѓувреме, истражителите од ѓубрето го извадиле револвер, за кој се сомнева дека бил користен во ова злосторство.