Учебната година најверојатно ќе започне на 1 октомври, најави мандатарот Заев додека го презентираше новиот состав и владина програма. Иако прашањето беше за новата министерка за образование и наука, Мила Царовска, таа одби да одговори бидејќи во моментов е вицепремиер за економија.
Приоритет во првите 100 дена на новата влада ќе биде и соочувањето со економската криза предизвикана од Ковид-19.
Вети и реформи во судството, со што како резултат на тоа ќе започне да функционира и Бројчаникот кај Порта Македонија кој беше меѓу првите ветувања како премиер.
Во новиот владин состав ќе бидат и тие имиња кои ги најавија Заев и Ахмети. Иако во ДУИ имаше дилеми, синоќа Ахмети во емисијата Клик Плус потврди дека нема измени во имињата кои ги предложил.
ТВ21: Имињата остануваат исти во вашиот состав што го претставивте како опција?
АХМЕТИ.: Остануваат истите, нема измени
ТВ21: Ги поделивте раководните места?
АХМЕТИ: Се уште не. Да се формира Владата и сега ќе се преговара и за назначувањата и другите детали.
Заев кажа дека се договориле за 90% за замениците министри.
Патот за предлог на новиот состав и владина програма се отвори откако вчера дел од новите министри си поднесоа оставка од функцијата пратеник. Новиот владин состав и програма во Собрание се очекува да се гласа во текот на викендот.
