Учениците ги плаќаат иако се бесплатни – 100 денари за свидетелства пополнети компјутерски!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јас не смеам да ви барам пари за свидетелства, меѓутоа ако ги сакате пополнети компјутерски, треба да платите по 50 денари.

Вака им пишале некои наставници на учениците од основните и средни училишта во Северна Македонија. Им бараат пари за пополнување на свидетелствата иако се тие бесплатни и ги плаќа МОН.

„Слушајте, јас не смеам да ви барам пари за свидетелства, меѓутоа доколку ги сакате пополнети компјутерски, како порано, тогаш треба да платите по 50 денари, бидејќи други бараат.“, вели во пораката еден наставник.

Учениците му одговараат:

„Да, професоре, ќе ги платиме.“

Тие се договориле во петок да ги испратат парите заедно со книгите кои ги враќаат на крај од учебната година.

Ваква појава која е во спротивност со законот за основно образование, плаќањето на свидетелства се чини е јавна тајна. Се дискутира и на најголемата група на Фејсбук од наставници. Таму дури се вели дека свидетелствата одат и до 100 денари.

„Свидетелствата на учениците им се даваат бесплатно. Бирото исто така им ги дели на училиштата и никој не може да им бара на учениците пари за тоа. Но иако велите дека постојат сомнежи за нивно продавање, ние како Биро немаме надлежност да го спречиме или истражиме случајот. За тоа надлежни се други институции.“

Хасип потсетува дека доколку се свидетелствата пополнети компјутерски, наставникот нема право да им бара пари на учениците. Ученикот никако не смее да плаќа за свидетелство.

За случајот го контактиравме и Образовниот инспекторат. Ги прашавме дали се запознаени со овој феномен што се случува низ училиштата и што имаат преземено за да ги казнат прекршителите. Од таму одговорија:

„Секој ученик или група ученици кои ќе изразат сомнеж дека им е побарано да платат такса за свидетелство, најпрво им препорачуваме во пишана форма до училишните органи да побараат објаснување за што точно  им е побарана такса. Ако се незадоволни од одговорот, ги упатуваме да се обратат кај нас со сите релевантни информации и ние како надлежна институција, за секој случај поединечно ќе спроведеме инспекциска контрола.“, велат од ДПИ.

Свидетелствата не се плаќаат само во основните училишта туку и во средните. За тоа реагира и Унијата на ученици од средните училишта кои ги посочија и училиштата каде што се плаќа за свидетелства.