Доколку се создадат услови и доколку епидемиолошката состојба е поволна, учениците во второто полугоие би можеле да се вратат во училиштата, изјави Министерката за образование, Мила Царовска. Според неа досегашниот начин на образование дава резултати и наставата е потребно да продолжи во тој правец.
„Ние избравме хибриден модел, некои се во училиште, некој онлајн а некои како техничките и практичните училишта какде што има пракса се и во училиште и онлајн. Јас сметам дека на овој начин треба да продолжиме и во наредниот период. Доколку се создадат услови за да сите ученици се вратат во училиште, тоа ќе го направиме но за тоа сепак одлучуваат здравствените власти затоа што кај нив е знаењето и концептот за надминување на пандемијата која што е здравствен проблем во моментов.“, рече Царовска.
Царовска потенцираше дека 90 проценти од учениците и наставниците без никаков проблем спроведуваат или слушаат онлајн настава.
„Првото тромесечие помина без никакви поголеми проблеми, оценувањето се заврши. Во петокот имав состанок со сите директори на сите основни и средни училишта, кои не кажаа дека постоеле предизивици, а доколку имало тие ги надминале заедно со наставниците и со дел од семејствата, колку што требало да се направи оценување за физичко присуство.“, изјави министерката.
Од останатите со физичко присуство Царовска сподели бројки дека позитивни ученици на ковид-19 досега се 76, додека наставници биле 167. Според неа, ова укажува дека протоколите во целост се спроведуваат и дека засега нема интерно ширење на коронавирусот во училиштата.
