7:30 наутро. Учениците од ОУ „Његош“ во Јурумлери во редица за да го започнат првиот час од новата учебна година. Изгледаа многу среќни.
Сепак, 13-те ученици Албанци кои завршија петто одделение и сега треба да продолжат во шесто одделение не беа среќни. Во ова училиште од шесто до деветто одделение нема албанска паралелка! Мора да продолжат на македонски, или да патуваат во други населени места.
Ученик
- Морам да патувам до Скопје, во училиштето „Битолски конгрес“. Не ни дозволуваат овде да се отворат албански паралелки. Од шесто до деветто одделение.
-Колку ќе ви биде тешко да патувате до „Битолски конгрес“? - Уште сум мал, имам 11 години, треба да патувам со автобус 40 минути, далеку е.
-Кое одделение си?
Сега шесто.
- Дали ќе продолжиш да учиш во ова училиште?
-Не.
-Зошто? - Затоа што нема албанска паралелка.
- Дали сакате да научите албански?
- Да.
-Рона, кажи ми во кој клас си сега?
- Шесто одделение.
- Каде учиш, во ова училиште овде?
- Во „Његош“.
- Во „Његош“ учеше досега, а од денес па натаму?
- Не знам за тоа.
- Зошто не можеш да продолжиш да учиш овде?
- Затоа што овде во шесто одделение се учи на македонски.
Ова е многу тешко за родителите бидејќи децата се уште се мали за да патуваат со километри подалеку од нивниот дом. Тие организираа мирен протест пред училиштето.
-За мене, како и за другите родители, е многу тешко да пуштам 11-годишно девојче да оди со автобус од овде, во Идризово, до Скопје. Како родител барам мојата ќерка и другите деца да бидат овде во своето училиште, што е можно поблиску, за нам како родители да ни биде полесно да ги имаме блиску, и никој да не може да ги малтретира.
-До петто одделение учеше на албански, сега продолжува македонски… Досега беше одличен, не може да продолжи да биде одличен. Зошто да не бие тоа наше право, зошто не ни го дадат? Како македонската држава мисли да влезе во Европа, а се уште има проблем со образованието. Што значи еден ден изгубен за децата, еден ден чини многу. Зборуваме за образование! И Македонија сака да влезе во Европа!
Организаторот на протестот, воедно и родител на ученик во ова училиште, Ризван Сефери, вели дека нивните сограѓани Македонци кои живеат во Колонија, Јурумлери и Скопско Поле вршат притисок албанскиот јазик да не се учи.
-И од страна на општината вршеа притисок бидејќи нема услови. Инспекторатот е испратен од министерството, преземени се сите мерки, во ова училиште може да се учи паралелно бидејќи условите се соодветни. Не сакаат да учиме на училиште, не спречуваат. ИМ кажавме, вие учете преку ден, ние ќе учиме втора смена. Не сакаат така, не така. Немаме излез! 40 километри деца од 10 години не можат да патуваат-вели Сефери.
Од Идризово отидовме кај градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Го прашавме каде е проблемот и зошто не се дозволува отворање на албанската паралелка? Причината е што училиштето не ги исполнува условите, додека како општина испратија иницијатива до Министерството за транспорт за изработка на урбанистички план, со цел да се изгради ново училиште во Идризово, каде учениците би можеле да учат и на албански и на македонски јазик.
Инаку, ново училиште во Идризово вети и поранешниот премиер Зоран Заев. Потоа на 28 септември 2019 година Артан Груби, Мухамед Зеќири, Арбр Адеми и Борис Георгиевски како градоначалници го посетија ова населено место, ветувајќи им на жителите изградба на ново училиште, но од тие ветувања останаа само аплаузи.
