Учениците од Клуковец следат настава во тешки услови – „Се изготвува проект за да не се реализира“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ги подготвија дрвата за огрев.
Го наложија шпоретот за да се стоплат учениците од велешкото село Клуковец.
Иако училишниот објект има потреба од многу нешта, сепак учениците со физичко присуство и запазување на мерките против коронавирус, се трудат да ја следат наставата.
Тоалетот се наоѓа на неколку метри од објектот, но не само што е далеку, туку во време на пандемија немаат ниту вода…

-Кое одделение си?
-Трето.
-Дали ви е ладно во текот на зимата?
-Да.

Во ова училиште настава следат ученици до четврто одделение, а потоа наставниот процес го продолжуваат во селото Бузалково.

-Дали мислиш дека ќе ти биде подобро кога ќе отидеш во Бузалково?
-Да.

Планот за изградба на училиштето, општината го изготви само за да не се изгради, велат жителите. Велат дека нема ништо од реализација на овој проект…


-Има неколку проблеми кои се направени намерно за да не се изгради училиштето. Пред сѐ ни е потребна дозвола од општината за да можеме самите да го изградиме, само ни треба дозвола од општина Велес.

Мештаните велат дека градоначалникот бара објектот да се изгради на друга локација, бидејќи како што им рекол, тука може да подлежи на опасност од поплава и одрон на земја, со оглед на тоа што училиштето се наоѓа на нерамно земјиште.

И додека да се изнајде решение за проблемот, 40 ученици од ова училиште ќе продолжат да учат во вакви услови… Поради незавидните услови, на почетокот на учебната година учениците ја бојкотираа наставата, но потоа повторно се вратија во училишните купи.

Овој училиштен објект е изграден пред 48 години од страна на жителите.

Побаравме став и од МОН. Од таму велат дека нема да се мешаат во ова прашање, сѐ додека не се отстрани дивоградбата која се наоѓа на парцелата каде треба да се гради објектот.