По 12 години, на Попова Шапка се организираше 41-то издание на Шарпланинскиот куп. Учествуваат 37 скијачи од Македонија и од земјите од регионот. А меѓу нив има и 5 натпреварувачки.
Потпретседателот на скијачката федерација Драдан Дехари вели дека се се одвивало според планот, освен што патеката е направена повисоко поради недостигот на снег.
„Штом заврши првото пуштање на натпреварот, условите беа во ред. Планот беше финишот на трката да биде подолу поради публиката, но поради недостаток на снег бевме принудени да ја поместиме патеката повисоко и се помина во најдобар ред. Мислам дека повеќето од натпреварувачите го завршија првото пуштење и се надеваме дека успешно ќе го завршат и второто пуштење“, вели Дардан Дехари.
Од скијачкиот центар Попова Шапка велат дека асистирале во организацијата и ја обезбедиле сета потребна опрема со цел настанот да се одвива непречено.
„Ги пречекавме организаторите на овој турнир и им пруживме помош на сите нивоа и им ја обезбедивме целата механизација и сета опрема за подобар развој на Шарпланинскиот куп“, вели Абилганија Алији.
Победникот на турнирот традиционално, освен пехар, добива и кутре шарпланинец како автохтоно животно од Шар планина.
