Вака изгледаат училиштата во Франција, земја која имаше над 170 илјади заразени лица со Ковид-19. Училиштата ги отвори и Швајцарија, а во понеделник ќе се отворат и во Грција.
Во Македонија има 1.723 заразени лица, а училиштата и понатаму ќе останат затворени.
Во Северна Македонија училишните дворови се празни поради тоа што наставниот процес се одвива од дистанца и децата не ги посетуваат училишните објекти. Вака ќе бие до почетокот на септември.
Ова се случува и покрај олеснувањето на мерките со кои се отворија трговските центри и објектите на игри на среќа, а верските заедници ги вратија верниците во црквите и џамиите. Политичарите побараа отворање на џамиите, но молчат за училиштата. Поголеми последици од затворањето на училиштата трпат учениците кои учат од дома.
Беким Лачи, родител на ученик во прво одделение раскажува дека децата, задачите ги добиваат преку Вибер. Работните тетратки ги обезбедуваат сами. Претходно и сами ги изработувале, а сега започнале да ги печатат. Сето ова, како што вели тој, влијаело детето да го изгуби интересот за училиште и затоа тој бара да се отвораат училиштата.
И Бардил Заими вели дека учениците треба да се вратат во училишните клупи. Тој е скептик за ова, поради тоа што смета дека ситуацијата со корона вирусот сè уште е кревка.
„Јас сум родител и секако дека би сакал децата да почнат во овој преостанат период, но мислам дека во моментот состојба е сè уште кревка за да почне наставниот процес затоа што знаеме дека свесноста на учениците и е сосема различни од таа на возрасните.“, вели Заими.
Во овој период е предвидено само запишување во училиштата, но како што најави министерот за образование и наука, Арбр Адеми, ќе има посебен протокол. Отворањето на училиштата не е во план бидејќи оваа учебна година ќе заврши на 10 јуни, а дотогаш наставата ќе се одвива онлајн. Оваа форма на настава започна да спроведе во почетокот на март.
