Училиштен објект како во среден век! Учениците од велешко Клуковец, ќе ја бојкотираат наставата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Тука учат околу 50 ученици од прво до петто одделение, потоа продолжуваат во друго село, Бузалаков, се наоѓа тука во близина. Состојбата можете да ја видите и самите, во какви бедни услови учат овие 50 ученици“, вели Ремзи Шемседини – наставник.

Ова училиште се наоѓа во велешкото село Клуковец. Истото се наоѓа во бедна состојба. За изградба на ова училиште на родителите им ветуваат речиси секоја година, но ветувањата остануваат само на зборови. Ремзи кој е наставник во ова училиште, вели дека секојпат кога треба да се гради училиштето, излегуваат некои пречки или некоја причина за да не се реализираат работите.

„Велат дека е проблем. Некои од шталите за стока треба да се уништат а потоа да се изгради училиштето и како и секогаш се наоѓаат причини, излегуваат проблеми и се спречува процесот за реализирање на проекти во албанските населени места“, додава Шемседини.

Родителите донесоа одлука. Тие велат дека на почетокот на школската година нема да ги пуштат децата во училиште и ќе ја бојкотираат наставата.

„Нашата одлука, како жители на ова село, е дека нашите деца нема да продолжат настава во ова училиште. Децата нема да учат веќе. Цело време ќе има бојкот. Причината е е тоа што ни ветија ново школо, а како што гледате школото е катастрофа и не е за да учат деца во него“, додава Шемседини.

Пред неколку недели го прашавме и министерот за образование, Арбр Адеми што се случува со училиштето во село Клуковец и зошто не се почнати работите. Тој рече дека треба да се реши најпрво проблемот со парцелата на училиштето а потоа да започне изградбата. Албанците од Велес не ги мачат само лошите услови на објектите туку во некои села проблем е и наставата на албански јазик.