УЕФА донесе одлука: Завршницата на ЛШ во Лисабон, ЛЕ ќе се игра во четири германски градови

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

УЕФА донесе одлука за менување на домаќинството во завршницата во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа. Четвртфиналните натпревари ќе се играат по еден меч, и тоа оние мечеви во ЛШ во Лисабон, додека во Лигата на Европа ќе се играат во Дуизбург, Гелзенкирхен, Дизелдорф и Келн.

Засега се знае дека завршницата во ЛШ ќе се игра од 12 до 23 август, додека ЛЕ ќе се играат од 10 до 21 август.

И натаму не е јасно на каков начин ќе се играат неодиграните 1/8 финални мечеви во двете натпреварувања.