Угина Тобого – омилената жирафа во скопската зоолошка градина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Зоолошката градина Скопје предмалку известија дека во текот на вчерашниот ден ненадејно угинала Тобого, една од трите жирафи кои живееа таму.

Од таму велат дека денеска била направена обдукција при што не се констатирани физички повреди, а во наредните денови се очекуваат целосните резултати.

Инаку, жирафата била родена во Франкфурт на 09.12.2010 година, а жител на ЗОО Скопје е од 05.11.2013 година.