Угостителите бараат кампања пред стартот на примената на Законот против пушењето, идната недела состанок!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Угостителите побарале најпрво спроведување информативна кампања, а дури потоа почеток на примената на Законот против пушењето, на средбата со државниот секретар во Министерството за економија и труд.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска изјави дека најверојатно идната недела ќе се одржи нов состанок, на кој ќе присуствуваат и тој и министерот за здравство, со цел да се разгледаат сите можни опции и да се усогласи пристапот кон имплементацијата на Законот.

Дурмиши не прецизираше дали е можно одложување на примената, која е предвидена да започне од 1 март, но нагласи дека примарната цел на законските измени е заштитата на јавното здравје.

Тој истакна дека на следниот состанок ќе се донесе одлука што ќе биде прифатлива за сите засегнати страни, вклучително и за угостителите, посочувајќи дека нивните забелешки се сослушани и дека барањето за одреден период на информирање и подготовка ќе биде сериозно разгледано.