Угостителите одбиваат да легитимираат гости – пазарен инспекторат: Жалби има и кај нас, може да предложиме измени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Протоколот за 4 гости на една маса во кафуле предизвика незадоволство и кај угостителите, бидејќи тие на терен не можат да го контролираат тоа.

Некои од нив зад камерата на ТВ21 велат дека не можат да им бараат лични карти на гостите за да ги легитимираат, бидејќи тоа е работа само на полицијата. Но десетици угостители од Кичево испратиле барање за измена на протоколот до Државен пазарен инспекторат.

„Според последните одлуки на Владата за почеток на работа на угостителските објекти, кафеаните во Кичево ги отворија нивните објекти почитувајќи ги законите и препораките. Меѓутоа некои од нив е невозможно да се реализираат – на една маса со четири столици може да се служат четири лица ако се од едно семејство. Со оваа точка ние не сме задолжени да им бараме легитимација на лицата кои седат на маса, бидејќи на тој начин им го кршиме правото на приватност кое е гарантирано со закон.“, се вели во барањето на угостителите од Кичево.

Прашавме во Пазарен инспекторат дали досега угостители официјално се пожалиле за ова. Од таму велат дека тие не добиле никакво барање. Во случај на вакво нешто, но и доколку се зголемат жалбите од страна на угостителите, тие велат дека ќе бараат од Комисијата за заразни болести да се смени оваа точка.

За овие тешкотии е известен и техничкиот премиер, Оливер Спасовски. Тој дури рече дека од моментот кога беше донесена одлуката за отворање на кафулињата, знаел дека протоколот на терен нема да се почитува ниту од угостителите, ниту од граѓаните. Меѓутоа додаде дека доколку и понатаму не функционира протоколот на терен, истиот ќе биде сменет.

Угостителите се жалат и за тоа дека со работа можат да почнат само објектите кои имаат летни тераси, но за тоа дека на една маса можат да седат само двајца гости.