Претпладне сончево со умерена облачност, попладне ќе биде променливо облачно наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, ветер и услови за појава на град. Попладне ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе достигнува брзина од над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претпладне сончево, попладне ќе биде нестабилно, во делови од котлината со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. T=28°C. P=975hPa. U=55%. V=2m/s.
Утре и за време на викендов времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови со локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, ветер и услови за појава на град. Денес и утре ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, повремено со брзина над 60 km/h.
