УЈП извршило контрола во фирмата позврзана со хонорарот од 250.000 евра на Лила Филиповска, која пред неколку дена даваше исказ за случајот „Рекет“ во Кривичен суд. Ова го потврди денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
– Ние во конкретната фирма која што беше поврзувана со конкретното физичко лице имаме спроведено и контрола, баш заради оваа трансакција. Исто така, странките беа кај нас на разговор, ни ја објаснија целата ситуација. За подетална информација кога ќе заврши целата постапка – рече Лукаревска.
