Украина предлага забрана на песни на руски јазик

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Петицијата со која се бара забрана на песните на руски јазик на стриминг платформите во Украина собра 25.000 потписи и ќе биде разгледана од владата на земјата.

Петицијата беше објавена на 17 февруари, а нејзиниот автор тврди дека песните на руски може да носат пораки кои му наштетуваат на украинскиот идентитет, пренесе РИА Новости.

Предлог-законот предвидува блокирање на песните на руски јазик на платформи како што се Apple Music и Spotify, додека како алтернатива се нудат песни на други јазици.

Овој потег е во согласност со законите од 2019 година кои ја промовираат употребата на украинскиот јазик во сите сфери на животот, соопшти агенцијата.