Ултиматумот на Села, избрзана постапка – Алијанса за Албанците не може да биде „локомотива“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во кој правец се движи тројната коалиција?

Аналитичарите Арбен Лала и Артан Дика, 48 часовната понуда на Зијадин Села ја нарекоа бесмислена и избрзана постапка.

Во емисијата Клик Плус, тие изјавија дека со овие калкулации Алијанса за Албанците и понатаму ќе остане во опозиција и тоа долго време, со што и го отвора патот на ДУИ и на овие избори да биде апсолутен победник.

Арбен Лала смета дека Алијанса не е партијата која треба да ја игра улогата на локомотива.

„Ова забрзана коалиција и со наредба – имаш 48 часа, без да се сретне со ниту еден, без да седнат трите страни еднаш, двапати, десет пати заедно и 30 дена пред да истечат законските рокови, мене ми изгледа како да е избрзано, или некој одлучил да ја замени ДПА во опозиција“, рече Арбен Лала.

Артан Дика смета дека Алијанса за Албанците нема капацитет да излезе сама на избори бидејќи, како што вели тој, ќе се сочи со разочарување.

„Доколку Алијанса за Албанците им каже ќе бидеме тројна коалиција или гледајте други алтернативи, кои би биле другите можности за оваа партија? Јас не верувам дека оваа партија има капацитет да продолжи да постои во толку фрагментаризиран политички терен или евентуално ако излезе сама на избори ќе се соочи со разочарување, како што би било со сите партии, ама не и ДУИ кои ќе излезат сами.“, рече Дика.

Ако се суди според овие случувања помеѓу партиите, Лала вели ДУИ ќе има 10-12 пратеници во Собранието.

„Следејќи ги движењата, како што рече и колегата, Али Ахмети има визија, се движи, имаат Влада итн. Јас ДУИ ја гледам со сигурни 10 до 12 пратеници.“, изјави Лала.

Арјанит Хоџа, секретар на Движење Беса, рече дека албанската опозиција, со своето невнимателно однесување, го изгуби и Блерим Река, кадар за кој има потреба нашата земја.

„Повеќето можат да кажат што и да сакаат, но лошо менаџирање и Блерим Река веќе не е таму. Доколку ја анализирате ВМРО-ДПМНЕ, тие го калкулираат и името на Гордана Силјановска. Зошто ја калкулираат? Бидејќи ја промовираа како политичарка и собираше гласови за нив. Кажав дека Блерим Река е професор и имаше точки кои ги обединуваа Беса и Алијанса на терен и наместо да инвестираме, да го задржиме тука, Блерим Река замина.“, изјави Хоџа.

Секретарот на Движење Беса, Арјанит Хоџа, рече дека без разлика на настаните, тие се уште се подготвени за средба. Меѓутоа додаде дека тие не можат да чекаат до бескрај, бидејќи ДИК има рокови.