Умерен земјотрес во северна Грција, почувствуван и во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според Рихтеровата скала, се случи денеска во северниот дел од Грција, во близината на градот Кожани.

Земјотресот бил со епицентар 24 километри северно од Кожани, а бил почувствуван и во јужниот дел на Македонија, особено во пелагионискиот регион.

Земјотресот бил на длабочина од 5 километри, и се случил во 14:20 часот по македонско време.