Во недостиг на универзитетски објект, 5-годишнината од основањето на Универзитетот „Мајка Тереза“ беше одбележана во просториите на Музејот на современа уметност во Скопје.
Професори, студенти и владини претставници говореа околу важноста од отворање на универзитетот.
Ректорот Азиз Положани, рече дека со неуморната работа на вработените и со посветеноста на студентите, универзитетот постигнал големи успеси.
Премиерот Зоран Заев пак, истакна дека Владата го поддржала основањето и консолидацијата на Универзитетот и вети поддршка за изградба на универзитетскиот кампус.
Универзитетот брои 5 факултети и 36 студентски програми.
