УНЕСКО ја предупреди В. Британија: Една од најпознатите знаменитости може да биде уништена ако правите тунел

НАЈНОВИ ВЕСТИ

УНЕСКО ги предупреду властите на Велика Британија дека култниот „Стоунхенџ“ би можел да се најде на листата на загрозени вредности.

Причината е поради планот да под историската знаменитост се гради 3,3 километри долг тунел, чија изградба го одобрила и владата на В. Британија, а чиј легитимитет треба да го потврди и Врховниот суд.

Проектот е вреден 1,7 милијарди фунти, а неколку пати е одложуван поради тоа што во таа област се наоѓани археолошки наоѓалишта.

Токму важноста на „Стоунхенџ“ е една од главните причини зошто се одложува градењето на тунелот.

За градењето на тунелот веќе се најавени протести не само во Британија, туку и низ целиот свет. Меѓутоа Владата најавила дека нема да прекине со проектот.

Од УНЕСКО сметаат дека бенефитот од проектот би бил многу помал од неговите лошо последици, и дека ќе мора, доколку тунелот се направи, да го направи ова култно здание од загрозен тип.