Унгарскиот премиер Маѓар предлага ограничување на мандатот на пратениците на 12 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Унгарскиот премиер Петер Маѓар предложи ограничување на мандатот на пратениците на најмногу 12 години, како дел од пакетот уставни реформи што ги најави неговата влада.

Предлогот доаѓа откако парламентот усвои уставен амандман со кој мандатот на премиерот се ограничува на два четиригодишни мандати, со што се оневозможува поранешниот премиер Виктор Орбан повторно да се врати на власт. Ограничувањето ќе важи и за актуелниот премиер Петер Маѓар.

Според Маѓар, доколку предлогот биде усвоен, ограничувањето на мандатите на пратениците ќе почне да се применува по парламентарните избори во 2030 година.

Пакетот уставни реформи предвидува и измени во судскиот систем, како и предлог за разрешување на претседателот на државата, Тамаш Шуљок.