УНХЦР: Од почетокот на војната во Украина, повеќе од 12.300 цивили се убиени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од почетокот на руската агресија врз Украина пред три години, повеќе од 12.300 цивили се убиени, објави заменик-шефот на Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации (УНХЦР) Нада Ал-Нашиф, предупредувајќи дека бројот на жртвите се забрзува поради употреба на дронови и ракети со долг дострел, пренесува Ројтерс.

Во последните месеци Русија редовно напаѓа оддалечени градови со такво оружје, што доведе до зголемување на цивилните жртви за 30 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Во периодот од септември до ноември 2024 година, според податоците на Обединетите нации, имало 574.

Заменик-комесарката на ОН за човекови права, Нада Ал-Нашиф, изјави дека во Украина се убиени повеќе од 12.300 цивили, меѓу кои 650 деца.

Во исто време, ОН повторуваат дека овие бројки се пониски од реалните бидејќи ги вклучуваат само загинатите што нивните тимови би можеле да ги потврдат.

„Руските вооружени сили ги интензивираа своите операции за заземање дополнителни територии во источна Украина, што сериозно ги погодува цивилите во областите на фронтот“, рече Ал Нашиф на состанокот на Советот за човекови права на ОН во Женева.

Таа изјави дека Русија користела повеќе од 2.000 дронови со долг дострел во ноември.

Тие примери на сè посилно кршење на меѓународните закони за човекови права може да претставуваат воени злосторства, нагласи Ал-Нашиф.

Рускиот делегат Евгениј Устинов го нарече извештајот пристрасен и рече дека ги минимизира злосторствата на Киев.

Москва негира дека извршила злосторства или нападнала цивили од почетокот на војната во февруари 2022 година.

Украинската амбасадорка Евгенија Филипенко ги опиша неодамнешните активности на Русија како „пресметани, сурови и дизајнирани да предизвикаат максимално страдање и уништување“.

Меѓу цивилните жртви документирани од ОН се 35 кои загинаа во делови на Херсон контролирани од Украина во периодот од септември до ноември минатата година со беспилотни летала со видео камери.

Таквите авиони им овозможуваат на операторите да ги разликуваат цивилите од војниците на нивните екрани, според Ројтерс.