Започнаа уписите на УЈИЕ. Апликацијата се врши онлајн, а студентите потоа треба да достават само документи било со физичко присуство или по пошта. Онлајн формата не е задолжителна само поради епидемијата со Ковид-19 туку на УЈИЕ овој метод е традиционален уште од 2001, објаснува ректорот Абдуљменаф Беџети.
„Апликацијата се врши онлајн. Така било и така продолжува. Нормално студентите, по пошта или со физичко присуство сами ги доставуваат документите. Но апликацијата како апликација е отсекогаш, уште од 2001-2002 се врши онлајн и така продолжува.“, рече Беџети.
Епидемијата донесе новост оваа година, реализирање на отворени денови. Инаку од другите години кога истите се одржуваа во универзитетскиот кампус, оваа година се одржаа онлајн средби каде учествуваа ученици почнувајќи од Црнилишта, Прилеп, Преспа, Житоша, Полог, Скопје и Куманово, но и од Косово и пошироко.
„Ние имаме систем за стипендии со одредени критериуми и услови. Второто прашање што го спомнавте, е многу точмо, дека неможноста да се направата тие денови отворени, недостигот апликантите во кампусот, да се запознаат со службите, со структурите, академските понуди итн, воведовме онлајн начин со контакти преку средните училишта.“, изјави Беџети.
Затоа, Беџети очекува трендот на зголемување на интересот од матурантите за запишување на УЈИЕ да продолжи и оваа година.
„Аплицирањето е започнато и можам да кажам дека е охрабрувачки што споредено со претходниот период интересот е во пораст. Всушност, последните 2, 3 години овој тренд постоеше и верувам така ќе продолжи. По аплицирањето нормално се проверуваат и документите.“, рече Беџети.
На додипломски студии нема приемен испит а бидејќи годинава немаше матура, средната оценка ќе биде база за селекција на студентите при уписот или за добивање на стипендија за студии. Стипендијата е во два формати. Првиот е 60% од износот доколку матурантот има средна оценка 5.00, а 40% од партиципацијата доколку матурантот има просечна оценка од 4.50 до 4.99.
Приемните испити не се исклучени на постдипломските студии, каде бројот на места е лимитиран. Апликацијата е многу едноставна, со пополнување формулар на веб страната на универзитетот WWW. SEEU.EDU.MK
