На сите понекогаш се сатнуваат ушите додека се капат во вода во текот на летните одмори. Веќе знаеме еден трик со скокање на една нога, но ако тоа не ви помага, тогаш пробајте еден од овие три трика?
- Џвакајте, или глумите дека џвакате – коските на вилицата се наоѓаат во близина на ушите и помага да правите вежби како џвакање на храна. Изедете нешто, ставете мастика или едноставно импровизирајте.
- Креирајте вакуум во уво – ставете го увото од кое не излегува водата на дланката, а потоа притиснете ја дланката и одеднаш пуштете. Така ќе направите вакуум за извлекување на водата од увото.
- Исушете го увото со топол воздух – ако на плажата не сте успеале да ја извадите водата, кога стигнете дома, само исушете го со топол воздух, со фен. Наместете го на најслабо и ставете го на оддалеченост од 30 сантиметри. Топлиот воздух ќе помогне да се исуши водата од увото.
