УПОЗ и Владата се договорија за исплата на додатоци на плати, зголемувањето ќе оди етапно од март

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата делумно го прифати барањето на УПОЗ и се согласи да започне исплатата на додатоците на плати за вработените во државната управа и правосудството, соопшти претседателот на синдикатот Трпе Деановски по средбата со премиерот Христијан Мицкоски.

Зголемувањето ќе се реализира етапно, во три рати од по осум проценти, наместо бараните 10, и ќе започне од март. За да се оствари ова право, институциите ќе треба да склучат поединечни колективни договори.

Деановски посочи дека текстовите на договорите допрва ќе се подготвуваат со Владата и ќе бидат ставени на гласање пред органите на синдикатот. Доколку не бидат прифатени, можно е работниците да побараат повисоки износи.

Од УПОЗ информираа дека договореното зголемување е поповолно од предвиденото со Општиот колективен договор за јавниот сектор, а борбата за раст на минималната плата продолжува.