На гостувањето во „10 МИНУТИ“ на ТВ21, техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев рече дека Управниот Суд потврдил дека Владата работела незаконски кога поништувала одлуки донесени од негова страна.
„Еден период сите мои одлуки беа поништувани од Владата, што беше крајно незаконски. Во текот на вчерашниот ден добив информација дека и Управниот суд решил предмети кои се во корист на МВР, односно одлуки кои јас сум ги донел, а биле поништени Владата, и Управниот суд донел одлука дека Владата постапила незаконски“, вели Чулев.
Целиот разговор со Чулев следете го на ТВ21 во 19:10 часот.
