Уредниците на ТВ21 Един Растодер и Љубиша Цветкоски денеска беа гости во „Урбан Таг“.
Тие рекоа дека чудно се чувствуваат на тоа место пред камерите.
Един и Љубиша раскажуваа за почетоците на телевизијата, како од руинирано место, станало модерно студио по светски стандарди. Двајцата кажаа што ги привлекло да бидат дел од тимот на ТВ21.
На прашање од Тино, што би можеле друго да работат освен ова, Един рече дека освен новинарство не би работел ништо друго, додека Љубиша, пак, сака да се проба во една сосема поинаква професија. Проверете која, низ следното видео:
