Уште 28 лица ја загубија битката со коронавирусот, најмладиот на 39 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

39-годишен пациент од Охрид е најмладиот кој денеска ја загуби битката со коронавирусот. Покрај него, уште 27 пациенти почнаа како последица од Ковид-19.

Деветмина од починатите се од Скопје, пет пациенти од Тетово, четири од Куманово, двајца од Гостивар, и по еден од Дебар, Штип, Струга, Велес, Охрид, Струмица, Кратово и Ресен.

Најстариот починат пациент е на 86 годишна возраст. Од сите 28 починати, двајца се починати вон болнички услови.

Вкупната бројка на починати од коронавирусот од почетокот на пандемијата во Македонија, изнесува 1658 лица.