Уште еден херој – момче донираше колекција на коскена срцевина за својата сестра која боледува од апластична анемија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ЈЗУ Универзитетска Клиника за хематологија на својот Фејсбук профил објави уште еден херој, односно момче кое донирало колекција на коскена срцевина за својата 15-годишна сестра која боледува од апластична анемија.

„Уште еден херој, уште едно момче за пофалба, кое донираше колекција на коскена срцевина за својата 15 годишна сестра која боледува од апластична анемија. Тимот на ЈЗУ Клиника за хематологија ја изврши колекцијата на срцева коскевина на Клиниката за детска хирургија, а трансплантација ќе се изврши на Клиниката за хематологија во Скопје.И посакуваме успешна трансплантација на пациентката и брзо заздравување на донаторот!“, пишуваат од таму.

Уште еден херој, уште едно момче за пофалба, кое донираше колекција на коскена срцевина за својата 15 годишна сестра…

Gepostet von ЈЗУ Универзитетска Клиника за хематологија am Dienstag, 6. Oktober 2020