Уште еден македонски ракометен тим пријави позитивни случаи на коронавирус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ракометниот клуб Радовиш пријави двајца позитивни ракометари на коронавис. Тоа е тимот кој што играше со Голден Арт КЛ7 во првенството, кој претходно пријави 16 ракометари позитивни на коронавирус.

Ракометниот клуб РК РАДОВИШ ја известува пошироката јавност дека веднаш по натпреварот со РК ГОЛДЕН АРТ од нивна страна сме известени дека имаат позитивни случаеви на Ковид, при што од наша страна се превземени мерки согласно пропишаните мерки и дека во текот на денешниот ден ќе бидат направени тестирања на целиот стручен штаб и играчи.
Согласно протоколот за натпреварување целиот стручен штаб и тим беа тестирани негативни и на повторното тестирање имаме двајца позитивни ракометари без симптоми“, се вели во соопштението на РК Радовиш.

Целиот тим на Голден Арт КЛ7 е во изолација, додека Радовиш би можел да продолжи со тренинзи без позитивните ракометари. РФМ претходно ја стави во мирување Групата „А“ од Првата лига во следните 15 дена.