Уште еден починат од Западнонилска треска, 11 пациенти на Инфективна клиника

НАЈНОВИ ВЕСТИ

66-годишен маж од Куманово, кој имал и придружни заболувања, е последната жртва на Западнонилската треска во земјава.

Директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана, изјави дека пациентот бил хоспитализиран 28 дена и имал тешка клиничка слика.

Досега на Инфективната клиника биле хоспитализирани 66 пациенти со овој вирус, а моментално се лекуваат 11 лица, од кои едно е во потешка состојба.

Ова е деветти смртен случај од Западнонилска треска во земјава.