Уште една членка на ЕУ на граѓаните им испратила препораки во случај на војна, еве што има во брошурата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Некои европски земји интензивно се подготвуваат за можна ескалација на конфликтот меѓу НАТО и Русија. На жителите не им се даваат суптилно препораки што треба да прават во случај на опасност, вклучително и воен напад.

Германија развива апликација која им помага на граѓаните да го лоцираат најблискиот  бункер, Шведска и Норвешка споделија брошура „Ако има криза или војна“, а половина милион Финци веќе презедоа сличен водич за подготвеност во итни ситуации.

На граѓаните генерално им се советува да имаат залиха на лекови, особено јодни таблети во случај на нуклеарен напад, но и храна која не се расипува најмалку една недела. Се препорачува и создавање парични резерви.

И Данска испрати инструкции преку дигитална пошта за подготвеност за кризни ситуации и војна. Под кризни ситуации Данците подразбираат екстремни временски настани и сајбер напади.

Во инстукциите се наведува дека секое домаќинство мора да обезбедува три литри вода по лице секој ден, како и конзервирана храна најмалку три дена, лекови, т.е. таблети јод, и комплет за прва помош, како и тоалетна хартија, свеќи, ќебиња, батерии, готовина и платежни картички.

„Данска како никогаш досега не остава ништо на случајност“, изјави Хрват кој живее во таа земја.

„По неколку дена добивање на упатството, видовме дека многу жители веќе почнале да посташпуваат по препораките. Лично, јас не земав залихи, туку секогаш во мојот дом имам повеќе од потребно, па заклучив дека е доволно“, изјави Хрватот во хрватски „Дневник“.