На Инфективна малку слободни кревети, алармантна е состојбата во другите градови низ Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред ковид амбулатата паркирано е возило за брза помош заедно со медицински персонал. Чекаат повик за нов случај на заболен од корона вирус.

Со амбулатно возило донесоа еден пациент.

Во ковид амбулантата пристигнуваат пациенти, но за среќа во мобилната клиника се уште нема ниту еден пациент.

„Во објектот на Инфективна остана уште некој слободен кревет, а пак за среќа во мобилната клиника нема ниту еден пациент“, вели репортерката на ТВ21.

Директорката на Инфективна клиника Милена Стевановиќ вели дека капацитетите на клиниката со слободни места се при крај. Уште едно слободно место останало, но се очекуваат денес да се издадат уште неколку отпусни листи.

„На крај се капацитетите на клиниката во смисла на слободни места. Има уште едно слободно место. Но навистина се гледа можноста за нивно комплетно исполнување и токму поради тоа е отворена мобилната болница. Во мобилната нема приеми се додека не се исполни комплетно капацитетот на клиниката, нема да отпочнат приеми во мобилната“, посочи Милена Стефановиќ.

На Инфективна моментално има 95 пациенти. Стевановиќ вели дека бројот ќе расте ако однесувањето на граѓаните биде како досега на ниско ниво.

„Се додека нашето однесување е вакво каво што е само поголеми и поголеми бројки ќе очекуваме“, додаде Милена Стевановиќ.

Бројката на новозаразени ги наполни болниците во другите градови низ Македонија. Тие сега пациентите ги испраќаат во Скопје. Во 8-ми септември секој кревет е зафатен, нема прием на лица заразени од корона вирус.