„Уште ме гледаш, поради тебе добив карцином, Господ ќе ти врати“, и рече Боки 13 на Рускоска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пред почетокот на денешното судење за „Рекет“, првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 влезе во конфликт со обвинителката Вилма Рускоска во судница. Боки 13 со висок тон и рече дека поради неа тој добил карцином.

По вршење гастроскопија, утврден е малигнитет, рече Бојан Јовановски.

Според извештајот кој Јовановски го читаше во судница, веднаш требало да биде испратен во болница и да се отстрани целиот орган.

Бараше одлижување на денешното рочиште, поради лошата здравствена состојба, по што судијата Васка Николовска Масевска најави пауза од 30 минути и повика брза помош. Јовановски ова не го прифати, затоа што, како што рече, брза помош ме може да ги утврди неговите здравствени проблеми, притоа истакнувајќи дека не сака брза помош повторно да му дава седативи.

Судијката потсети дека по однос на укинување на притвор и замена со куќен притвор одлучува друг судски совет. Боки 13 најави нова жалба до Апелација и барање за укинување на притворот.