Со симптоми на труење биле пријавени две жени на возраст од 62 и 56 години во Кавадарци по конзумација на велигденски јајца. Двете жени побарале итна медицинска помош, по што едната била пуштена на домашно лекување, додека втората задржана на болничко лекување, пренесува МИА.
Информацијата за МИА ја потврди началникот на службата за итната медицинска помош во Кавадарци д-р Антоан Параеков, и дека здравствената состојба на пациентките е под постојан надзор.
Д-р Ратко Грков од Итната медицинска помош информираше дека во текот на неговата смена информирал дека биле регистрирани и други пациенти со помали симптоми на труење. Лекарите апелираат да бидат исклучително внимателни по конзумирање на храна останата од велигденските празници.
