УСЈЕ: Немаме врска со загадувањето, паушалните тврдења и невистини ја доведуваат јавноста во заблуда

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По повод денешните протести на група граѓани пред цементарница УСЈЕ, од фабриката се јавија со соопштение.

„Цемантарница УСЈЕ е отворена компанија и, како и досега, и денес ги отворивме вратите и ги поканивме граѓаните кои дојдоа да протестираат да нѐ посетат, да ги постават сите прашања и да се уверат на самото место дека работиме по највисоките стандарди За жал, оваа покана беше одбиена од нивна страна.

Потенцираме дека УСЈЕ работи согласно највисоките стандарди и нашата работа нема никаква корелација со состојбите со амбиенталниот воздух во Скопје. Овие наши тврдења можат да се проверат во кое било време, а сите податоци се јавно достапни.

Оттука, потенцираме дека протестите пред УСЈЕ се на погрешна локација и посочуваме дека паушалните обвинувања и тврдења кои се изнесуваат во јавноста од страна на дел од  граѓанските и невладини организации се неодговорни и ја доведуваат во заблуда јавноста, а нималку не придонесуваат за подобрување на состојбите со амбиенталниот воздух  во Скопје. Ваквите неосновани тврдења создаваат целосно погрешна слика за нашата компанија, а истворемено создаваат и негативна слика за граѓанскиот сектор.“, соопштуваат од УСЈЕ.