За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои на изборите на 15 јули имаа намалување на бројот на пратеници, албанските партии забележаа зголемен број на пратеници. ДУИ на овие избори го врати мандатот на пратеници кои ги изгуби во 2016 и освои 15 пратеници. И коалицијата Сега е време забележа пораст на бројот на пратеници и освои вкупно 12, а во минатиот состав АА и Алтернатива заедно имаа 6 пратеници.
Кои се факторите што влијаеја на зголемување на бројот на албански пратеници?
ДУИ во идниот парламентарен состав ќе ја претставуваат:
1.Али Ахмети
2.Изет Меџити
3.Арбер Адеми
4.Талат Џафери
5.Исмаил Јахоски
6.Берат Ајдари
7.Арбен Зибери
8.Фљорин Бесими
9.Арта Биљали – Зендели
10.Мерита Коџаџику
11.Арбана ПАшоли
12.НАсер Нуредини
13.Бајрам Реџепи
14.Вјолца Адеми
15.Бајрам Кадрија
Од коалицијата Сега е време ќе има 12 пратеници:
1.Зијадин Села
2.Африм Гаши
3.Скендер Реџепи
4.Сурија Рашиди
5.Абдула Салиу
6.Ељми Азири
7.Атнан Незири
8.Илире Даути
9.Сафије Садики Шаини
10.Хисни Исаили
11.Халил Снопче
12.Артина Ќазими
Албански пратеници има и во коалицијата Можеме.
1.Мухамед Зекири
2.Биљал Касами
3.Фадиљ Зендели
4.Кастриот Реџепи
5.Бастри Бајрами
Единствената албанска партија која забележа пад на бројот на пратеници е ДПА која од 2 пратеници падна на 1, а тој е самиот лидер на партијата, Мендух Тачи.
1.Мендух Тачи
Вкупно во Собранието на ќе има 33 пратеници. Инаку најмногу албански пратеници имало на изборите во 2006 и 2008 кога албанските партии освоиле 29 пратеници.
