Поминаа 2 години од стапувањето на сила на Законот за употреба на јазиците, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Светски Македонски Конгрес, професорката Солза Грчева како и Тања Каракамишева но и други граѓани се уште не можат да се помират со овој факт.
Претседателот на Уставен суд, Сали Мурат рече дека од 2019 до 2020 интензивно се доставувани иницијативи за оценување на законот.
„Ако го погледнеме вториот предмет, која има околу 13 иницијативи и во сите иницијативи има повеќе учесници, ќе се уверите дека во текот на цела 2019 до 2020 интензивно се доставувани иницијативи за овој предмет“, истакна Сали Мурат.
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев бара укинување на законот бидејќи како што вели не може да се објави закон без потпис од претседателот на државата.
И професорот Јово Кекеновски бара Уставен да го поништи законот за јазиците бидејќи се направени сериозни пропусти во текот на носењето на овој закон.
Освен за уставноста и законитоста на овој закон за јазиците, Уставен суд дискутираше и за уставноста на Преспанскиот договор. Исто така поднесена иницијатива за негово укинување, иако од денот на потпишувањето поминаа речиси три години. Уставниот суд за овие иницијативи треба да се произнесе за петнаесетина дена.
