Уставните измени ќе бидат ставени на гласање кога ќе се обезбедат 80 гласа. Вака рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој е скептичен за бројот на пратеници кои ќе ги поддржат овие измени, додека премиерот Димитар Ковачевски неодамна изјави дека ќе има 118 пратеници кои ќе гласаат за, освен оние на „Левица“.
Вицепремиерот за европски прашања оценува дека има уште време до крајот на оваа година да се исполнат сите обврски околу измените на Уставот и воведувањето на Бугарите
Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека на интеграцијата во ЕУ не треба да се гледа како на банкомат, туку како процес кој ќе го подобри квалитетот на животот.
„Членството во ЕУ не е само колку пари ќе заработиме. Еврокомесарот Хан многу добро кажа дека не треба да ја гледаме ЕУ како банкомат каде што ќе ја вметнеме картичката и ќе вадиме пари. Треба да видиме повеќе од ова, суштински да го подобриме квалитетот на нашиот живот. Европа е наш партнер во ова“, вели Фатмир Бесими.
Сите наши обврски со Бугарија се напишани на хартија и се вградени или во Преговарачката рамка или во заклучоците што ги имаме од Советот на ЕУ од минатата година, така што она што можеме да го очекуваме е предвидливо, рече вицепремиерот за прашања на Европската унија и главниот преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, кој нагласува дека не очекува нови блокади од Бугарија по уставните измени.
