Уставниот суд на Хрватска одлучи: Милановиќ не може да биде премиер, дури и ако сега поднесе оставка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уставниот суд на Хрватска имаше седница на која расправаше за резултатите на изборите, а исто така и ангажманот на претседателот Зоран Милановиќ на нив. Потоа претседателот Мирослав Шепаровиќ се обрати на медиумите.

„Веќе го предупредивме Милановиќ дека неговото кандидирање, односно истакнување како кандидат не е во согласност со Уставот и начелото на власт. ПРедупреден дека мора веднаш да поднесе оставка ако се кандидира или ако настапува во јавност како иден кандидат. Го повикувавме да прекине со активности, во согласност со Уставот, а му беше кажано дека и целиот процес на изборите ќе биде под строг надзор. Уставниот суд зебележува дека на 20. март Државната изборна комисија го повика претседателот да се воздржи од директни учествства и да води сметка на тоа. Уставниот суд утврди дека ДИК се води по упатствата, а Милановиќ се стави во положба на учесник на изборите. Иако не поднесе оставка, Милановиќ настапуваше како кандидат. Со таквите изјави не само што не ги почитуваше предупредувањата од судот, туку го доведе во прашање владеењето на правото. Со тоа Уставниот суд утврдува дека претседателот со своите изјави и своето однесување, се доведе во позиција да не може да биде мандадар за состав на идната Влада, па дури ниту претседател на Владата. Тој оставка не поднесе, и не може повеќе да биде мандатар дури и сега ако поднесе оставка“, рече Шепаровиќ.