Утре ден на жалост во Србија – тридневна жалост во Нови Сад

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утре во Србија ќе биде Ден на жалост поради смртта и страдањето на граѓаните поради уривањето на железничката станица во Нови Сад. Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, прогласи тридневна жалост на територијата на тој град, почнувајќи од утре, 2 ноември.

Владата на Србија го прогласи 2 ноември за Ден на жалост врз основа на Законот за одбележување на Ден на жалост во Република Србија.

Со овој закон е предвидено Ден на жалост да се прогласи, меѓу другото, поради особено тешка сообраќајна несреќа што резултира со смрт, повреда или сериозно оштетување на здравјето на поголем број лица.

Осум лица загинаа денеска во несреќа предизвикана од уривање на настрешницата на старата зграда на Железничката станица во Нови Сад.